До крајот на септември треба да стигнат апаратите за гласање со отпечаток од прст на локалните избори

Од:

Апаратите за идентификација со отпечаток од прст за претстојните локални избори треба да стигнат до крај на септември. Државната изборна комисија избрала германска компанија од каде ќе ги набави уредите. Претседателот Александар Даштевски не кажа како овие уреди ќе се дистрибуираат до гласачките места, бидејќи затоа допрва треба да се направи план. Во однос на тоа зошто токму од четирите понуди ја одбрале токму таа на германската компанија, тој вели дека тие биле најдобри.

„На 1 јули заврши постапката за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток на прст. Четири компании се пријавија. Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана. Таа одлука е ставена на веб-страницата за јавни набавки. „Дермалог“ од Германија, таа компанија е избрана со евалуација, ги исполнила условите, била најдобра, имала најдобра понуда, најдобар апарат, затоа предлогот го прифатив како веродостоен“, рече Даштевски.

За тоа како ќе се гарантира дека податоците од системот нема да бидат злоупотребени, а кои ќе ги добие Државната изборна комисија, Даштевски кажа дека гаранциите се предвидени во тендерот.

„Гаранциите се предвидени во тендерот. Податоците ќе се внесат од МВР и ќе се вратат назад. Не можат да бидат злоупотребени. Не купуваме компанија, туку опрема. Рокот за достава на техничката опрема е 60 дена. Ако постапката трае 10 дена, имаме време до крај на септември да стигне опремата кај нас“, рече Даштевски.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања