До крајот на неделата ќе има одлука дали граѓаните ќе можат да се тестираат за Ковид-19 на сметка на Фондот во приватните лаборатории

Од:

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на сметка на Фондот за здравствено осигурување. Но, како што рече министерот за здравство Венко Филипче, првично ќе се зголеми бројот на тестови во државните лаборатории, за дополнително 350 тестови дневно, ангажирани се поголем број лаборанти, па така, според него, ќе се забрзала и процедурата за тестирање.

Со ова, според Филипче, ќе можат да се прават и по 2.000 тестови дневно.

„Отвораме нови простории утре наутро, во кое ќе имаме лаборанти и ќе ја забрзаме процедурата за правење тестови. Ние се припремавме во текот на целиот викенд, тестови има, лаборанти има, дијагностиката ќе се прави во Институтот за јавно здравје,  работиме и прва и втора смена, до 20 часот навечер. Ќе има додатни термини што ќе се прави преку „Мој термин“. Народот прави грешка што доаѓа во 8 сабајле и одма сакаат да бидат тестирани, затоа се создаваат гужви“, рече д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Во текот на неделата, најверојатно ќе бидат достапни и брзите рапид-тестови, каде што резултатот би бил готов за петнаесетина минути.

Од утре, соопшти министерот за здравство, ќе се прават дополнителни 150 тестови во Институтот за јавно здравје, дополнителни 100 теста во Центарот за јавно здравје и 100 уште во лабораторијата во Козле.

„Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории. Мислам дека прашањето ќе го заокружиме до крајот на неделата. Ако утврдиме дека тоа значајно ќе го олесни пристапот на граѓаните, тогаш ќе се дозволи по референтната цена на Фондот да се користат ресурите на приватните лаборатории. До крајот на неделата ќе донесеме одлука“, рече Филипче.

До пред два дена во државава биле направени 235.038 тестови, од кои 110.910 се направени во приватните лаборатории – Авицена, Биотек, Лаор, Синлаб, Жан Митрев и во Систина. Ова практично значи дека 47 отсто, односно речиси половината од тестовите за Ковид-19 граѓаните ги прават во приватните лаборатории и за нив плаќаат приватно.

Првично приватните лаборатории наплатуваа 1.500 денари за тестирање, а потоа, кога Фондот за здравствено осигурување ги намали цените, приватните лаборатории ги зголемија. Некаде од април годинава, тие наплатуваат по 3.950 за ПЦР тест, освен во лабораторијата „Авицена“ каде што цената е 3.000 денари.

Во државните лаборатории, пак, тестирање преку „Мој термин“ е речиси невозможно да се најде. Матичните лекари сведочат дека во првиот ден откако ќе се  пуштат термините, истите веднаш се зафатени. Но, доколку граѓаните сакаат да се тестираат приватно во државните лаборатории, тоа веднаш можат да го сторат во Институтот за јавно здравје по цена од 1.850 денари.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Филипче: Невработеност од најниски седум отсто и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата