До кога вака?

Од:

Кога немам што да правам, а тоа ретко се случува, палам ТВ и се казнувам себе си гледајки голем број на телевизиите *независни*. Се разбира тука не ги ставам 24ВЕСТИ и ТЕЛМА. Се разбираме нели?

И како ќе пуштам и како ќе оставам некоја турска серија веднаш почнува коса да ми се крева…само коса, други работи не, кога го слушам уништувањето на нашиот убав јазик. Моите драги млади колеги во тие серии говорат се само македонски јазик не. Чест на понекој исклучок. Толку србизми, толку локалност и во говорот и во конструкцијата на реченицата немам видено. За да се олабавам од првиот стрес и душевната болка која ми ја нанесуваат, вртам некој друг канал и кога оооооопааааааааа рекламен блок. Се фаќам за глава за да не ми отпадне косата од ужас. Па се рекламираат разни КРОВОВИ, ФАРБИ, ПОДОВИ и тн и тн..

Па добро бе непрокопсаници едни, имате ли вие лектори? По закон мора и треба да имате. А и да не е по закон каде ви е патриотското, националното чувство со кое толку се удирате в гради? Па знаете ли дека јазикот е еден заштитен алат на националното, на идентитетот кој толку паушално и декларативно го браните. Има ли во оваа држава, сеуште ја сметам за таква, некој кој може мамето да им го расплаче на овие квислинзи, на овие уништувачи на идентитетот?

Аллллооооооооо СРД, (Совет за радио дифузија), или како сега се вика, примате по 1.000 евра плата за што? За да одржувате политички маркетинг на НЕвласта?! Тоа ви е задачата? Да ја казнувате секоја непровладина ТВ, за среќа само две се?! Дел од вашата должност е да казнувате кога има јазична порнографија и на тој начин да го заштитите вашиот јазик. Или можеби тоа не е ваш јазик?! Е јбг, изгледа дека мнгу сум ја згрешил и темата и адресата.
Нејсе, одам понатаму. Обично моите размисли ги започнувам со И ТАКА ШЕТАЈКИ ГО МОЕТО КУЧЕ………..

Ама навистина секогаш е така. Еве на пример сношти во мојот Прилеп, шетајки го Мајло, поминав покрај едно престижно статусно кафуле и слушам како преку микрофон се развикал за мене познат женски глас. Демек ти била вечер на СТЕНД АП комедија. Ако е така тогаш да ти се плукнам и на комедијата а и на мојата бивша колешка. Слушам и што…се гениталија до гениталија, опишување на КАМАСУТРА од сите агли, усти полни со гениталии, обично машки, а публиката… публиката се смее, припаѓа од радост и доживува екстаза иако некој пред да дојде заборавил таа гениталија да ја извади од устата и од задникот. Кога бе , копуци новокомпонирани, ќе се задоволувате со вулгарно смешните настапи? Дали знаете, и ти колешке, да правите разлика меѓу комедија и смешно. Еееее Бејби, Бејби… всушност баш те заболе тебе за јазичната порнографија и за комедијата, ама баш те заболе бидејки… оп 200 евричиња, да речеме, за нив еден час ќе се изнавикаш, ќе ги испрактикуваш јавно сите тебе познати и непознати секс состојби и ај чао отидов јас, а вие глупаци што се изнасмеавте нека ви стои, односно одете си дома да мастурбирате и со страв да се пребројувате колку пари ви останале во, ионака, тенкиот џеб.

Еј народе, народе мој ДО КОГА ВАКА? Нели сметате дека треба да и се стави крај на оваа безидејна идејност? Нели сметате дека е крајно време да покажете дека имате уста и јазик, а богами и мозок, а и раце имате! Што се чека не знам!

Марин Бабиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска