Барам од владата (нарочно со мало В) на РМ да ме ослободи од сите мои долгови. Барам да ме ослободи од душевната болка која ја доживувам секојдневно заради немоќта да си ги покријам основните долгови.
Барам да ме ослободи од плаќањето на радиодифузната такса за телевизијата што не ја гледам. Барам за моите пријатели, чија идеа е и ова барање, да им го вратат достоинството и да им ги отпишат долговите кои се направени заради глупавата и непродуктивна политика на владата.Барам да ми се отпишат сите неплатени сметки, кои не сум ги платил затоа што не сум имал ни време ни пари да ги платам. Барам да ми се врати достоинството, барам да ми се врати моралот, барам да ми се врати насмевката, барам… ау пм се нешто барам.
Па добро бе до кога ќе не сметаат за недоквакани, до кога ќе не поистоветуваат со себе си. Зарем мислат дека ние не сваќаме што всушност тие прават? На онаа (не) власт мислам, де. Зарем навистина мислат дека можат да не купат?!
Всушност да, можат! Бидејки не есапат за аморфна маса, не есапат за желе, кое можат да го обликуваат како сакаат.
Е неќе моќи ове ноќи. Е не може бе недоквакани едни да ми ги отпишете сметките од ЕВН, па приватна фирма е. Неможе да ми ги отпишете сметките од ТЕЛЕКОМ И Т-МОБИЛЕ, приватни фирми се.
Аааааа можете а!? Е па ако е така ајде на другар ми отпишете му ги сите долгови, не по негова вина. Вратете му ги сите загуби што му ги направивте со тоа што го ставивте во стечај а долгот спрема него не си го плативте. Ајде да ве видам вратете им го достоинството на сите кои се обидовте и се обидувате да ги уништите.
Ајде да ве видам санкционирајте ги вашите рекетари кои деновиве тропаат од врата на врата и собираат арач.
Не бе дечки, вие немате намера ништо да вратите, вие немате намера никого да социјализирате. Вашата основна цел е што повеќе да грабнете, вашата цел е што повеќе да раскарате, вашата цел е што повеќе да разделите. DIVIDE ET IMPERE тоа е вашата цел. Се истопоривте како носители на пратенички листи со една проста идеа. Ако случајно изгубите на изборите, а ќе изгубите, да си добиете пратенички имунитет. Е вала НЕЌЕ МОЌИ ОВЕ НОЌИ.
Зврле сака нејќе ќе мора да ви го скине и имунитетот…е тогаш ќе треба да имате само една идеа, да внимавате да не ви падне сапунчето, оти ќе ви влезе…во навика да ви паѓа.
Како не ви е срам до толку да го подценувате сопствениот народ? Како не ви е срам дотолку да го понижувате истиот тој народ? Како може бе недоквакани, до толку идиотски идеи да ви паѓаат на (не) памет.
Е НЕЌЕ МОЌИ ОВЕ НОЌИ……….
Ај доста, доста е веќе…..доста сме веќе македонЧИЊА, доста се фалиме дека имаме г.з, ајде малку да се пофалиме дека имаме м.
Ќе завршам како и во предходната колумна. Земајте то токмаците оти друго чаре нема.
П.С Најдов спонзор кој уште утре ќе ни купи 20.000 безбол палки по наше преведено ТОКМАЦИ. Оти за токмаци само со токмак вреди да се разговара.
АИРЛИЈА НЕКА Е.
Марин Бабиќ