До ДИК пристигнале 13 приговори, седум од ТМРО и шест од СДСМ

Од:

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска заклучно со 15 часот поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

– Поднесени се седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане, соопшти ДИК.

Државната изборна комисија информира дека се поднесени и шест приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто