До денес поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

Од:

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го погоди Неготино. Од опшината информираат дека биле предизвикани големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини.

„Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општина Неготино формираше Комисија која со работа започна уште рано утринава и за само 1 ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети. Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за проценка на штети“, соопштија надлежните од општината.

По прибирањето на сите барања, членовите на Комисијата ќе излезат на терен и ќе извршат соодветна проценка на пријавените штети.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски