До четврток ќе се знае дали Лавров ќе дојде во Скопје за Министерскиот состанок на ОБСЕ

Од:

Се процесираат апликациите и во наредните денови, очекувам некаде до среда-четврток, да имаме конечна одлука, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето дали на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје ќе учествува и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Се уште не е дефинирано кој ќе ја предводи делегацијата на Русија на состанокот на ОБСЕ, со оглед на затворениот воздушен простор кај нас и во соседните земји за високите претставници на руското МНР.

На 30. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ и се очекуваат 1000 гости во делегациите.

Османи денеска, по промовирањето пригодна поштенска марка по повод големиот настан, изјави дека е задоволен од динамиката на организирањето на состанокот, подготовките се при крај и дека остануваат да се завршат одредени детали во наредните денови.

-Секој ден има нови делегации што го потврдуваат присуството и задоволен сум од тоа што го имаме досега. Очекувам најголем број од министрите на ОБСЕ да бидат присутни во Скопје бидејќи и така ќе биде историски министерски совет, додаде шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Лавров: Путин не крие дека ситуацијата е сериозна

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

Рубио по средбата со Лавров: САД се подготвени да понудат нови идеи за мир во Украина

Лавров ја пренесе пораката на Путин: Русија не планира напад, но ќе одговори неконвенционално на нападот од Европа

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Лавров: Поради искуството од Алјаска, тешко е да се предвиди спроведувањето на договорот меѓу САД и Иран