До 15 часот пристигнале 62 барања за амнестија за 27 април

Од:

Во скопскиот Кривичен суд денеска до 15:00 часот пристигнати се вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија, од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни.

– Согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, ја информираме јавноста дека денеска до 15:00 часот, во Судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни, се наведува во соопштението од Судот.

Оттаму напоменуваат дека рокот за поднесување важи и денеска и дека ќе бидат земени во предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до Судот по пошта.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“