До 13.30 часот до ДИК нема поднесени нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите на изборите

Од:

До 19.30 часот вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори. До 13:30 часот денеска нема поднесено други приговори така што бројката на приговори е иста како до синоќа – 82.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, изјави дека до 13.30 часот денеска ниту еден подносител на кандидатска листа не поднел приговори за сумирање и утврдување на резултатите од изборите. За 82-та приговори кои се пристигнати до синоќа, а и за оние што треба да пристигнат денеска, ДИК на седница треба да расправа во рок од 72 часа од нивното поднесување.

Најголем број од поднесените 82 приговори одосно 74 се од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

Во 21 часот синоќа истече рокот за поднесување приговори за постапката на гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието