„Дневник“ погрешил во преводот на колумната на Филе и Груевски

Од:

И ова е можно кај нас. Едно погрешно преведено зборче ја раздрма јавноста и предизвика бура реакции.

Станува збор за заедничката колумна на еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски . Се однесува за ставот, кој го пренесоа сите, дека Владата почнала ревизија на Охридскиот рамковен договор.

Од владата, но и од ДУИ излегоа со став, грешката е во преводот на „Дневник“, објави Плус инфо.

„Колумната на премиерот Груевски и еврокомесарот Филе е напишана на англиски јазик, усогласена и потврдена на ниво на кабинети, и така е испратена до медиумот каде е објавена. Очигледно е дека имаат грешка во преводот. Во англиската верзија на колумната не има збор ревизија (revision) туку преглед (review) и се однесува на извештајот за реализација на Охридскиот рамковен договор кој е усвоен од владата. Ревизија и преглед се сосема различни термини, од лексички и од политички аспект“, изјави владиниот гласноговорник, Александар Ѓорѓиев, објави порталот.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“