ДКСК со прекршочни глоби за неподнесување Анкетни листови, повеќето за екс-директори

Од:

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница запре неколку предмети за недоставување или задоцнето поднесување Анкетен лист од страна функционери и именувани лица, откако прекршочната комисија во Антикорупција им има изречено прекршочни пријави и соодветни глоби.

Шемши Салаи, член на ДКСК, информираше дека еден од тие случаи е за поранешен пратеник во Собранието, кој ненавремено доставил анкетен лист до ДКСК и на кого од страна на прекршочната комисија му е изречена прекршочна санкција глоба од 300 евра.

За повеќе такви предмети кои беа запрени на седницата денеска од ДКСК, информираше и Горан Трпеноски, член на ДКСК, меѓу кои повторно за пратеник, кој по престанок на функцијата не поднел анкетен лист до Антикорупција, по што му е изречена глоба во износ од 400 евра.

Друг предмет се однесува на вршител на должност директор, кој по престанок на оваа функција не поднел анкетен лист до ДКСК и му е изречена глоба во износ од 300 евра. Утврдено е дека и други двајца директори, по престанок на функцијата не поднеле анкетен лист до ДКСК и им се изречени глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност за едниот, додека за другиот платена е половина од глобата.

– За сите предмети по прекршочен платен налог, а на кои не им е платено, а утврдена им е глоба од прекршочната Комисија, доколку не платат одат на присилна наплата преку УЈП, појаснија од ДКСК.

Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, побара Антикорупција да прави пресек на платените глоби, затоа што, како што рече, ефикасноста на постапувањето на прекршочната Комисија во ДКСК е за пофалба, а сумата што се наплатува за сторените прекршоци не е занемарлива. Предлогот беше прифатен од претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, која нагласи дека уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста со тие 710 прекршочни, кои ќе влезат во годишниот извештај од Антикорупција.

– Со тоа даваме наш придонес во Буџетот, рече претседателката на ДКСК.

Би можело да ве интересира

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок

Антикорупциска со инијатива за гонење на поранешен директор на ЕСМ: Злоупотребил положба за набавка на мазут

Орце Костов