ДКСК преплавена сo постапки од граѓани за разни судски постапки, работи спорови и вработувања

Од:

Државната комисија за спречување на корупција „преплавена“ со постапки од граѓани кои бараат спас за разни судски постапки, работи спорови, денационалнизации, огаси за вработување, со еден збор за нефункциниорањето на другите институции во државата.

На денешната двочасовна седница ДКСК разгледа повеќе вакви предмети, за кои се прогласи за ненадлежна или го отфрли како неосновани, бидејќи станува збор за предмети по кои веќе постапувале други институции.

Во однос на ваквите пријави од граѓаните, директорката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека потребна е транспарентност на институциите за граѓаните да ги остварат своите права.

– За жал ние како комисија не можеме да излеземе во пресрет на ваквите предмети, меѓутоа како што минатиот пат одржавме прес-конференција за директорите, за појават, така правиме сублимат и за некои други предмети кои се чест случај, изјави Ивановска.

Според членот на ДКСК Шемши Салаи, посочи дека поголем дел од предметите биле и судски постапки, по кои веќе постапиле одредени судии и органи, каде ДКСК не може и нема влијание.

– Во сите тие постапки или самите подносители или ние имаме поднесено барање до Судскиот совет да се разгледаат тие присуди. Тоа е максимумот што ние можеме да го направиме, но ние веќе сумираме од сите тие предмети и го гледаме ризикот од корупција, што е наведено и во самата стратегија на ДКСК, изјави Салаи.

ДКСК на денешната седница ја отфрли како неоснована пријавата од загрижен граѓанин од Кавадарци поради немање конкретни наводи, бидејќи во пријавата до ДКСК лицето собрало листа на имиња од лица во партии кои наводно влијаеле на вработувања на блиски лица во одредени институции без да наведе конкретни имиња на лица и институции.

ДКСК отвори прекршочна постапка според член 56 против директорот на ЈП од Делчево, кој не ја известил ДКСК за вработување на блиско лице – ќерка во општина.

Членот на ДКСК Горан Трпеновски, кој ја образложи постапката, појасни дека иако не било пријавено ДКСК побарала да им биде целокупната документација за случајот.

– Таа на почетокот била со неколку договори на привремено вработување, потоа примена со постојано вработување според Законот за државни службеници, изјави Трпеновски.

ДКСК 41-та седница ќе ја продолжи утре, бидејќи сè уште има постапки кои се поминати и кои треба да бидат разгледани.

Би можело да ве интересира

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок

Антикорупциска со инијатива за гонење на поранешен директор на ЕСМ: Злоупотребил положба за набавка на мазут

Орце Костов