ДКСК: Прекршени начела за законитост и интегритет со иницијативата за синдикати на УКИМ и УКЛО

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) укажува дека со иницијативата за формирање синдикати на универзитетите Св.Кирил и Метидиј (УКИМ) и Св. Климент Охридски (УКЛО) ректорите ги прекршиле начелата за законитост и интегритет, информира денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Пријава за тој случај до ДКСК достави Независниот академски синдикат и во неа се укажува на постоење судир на интереси согласно со Законот за спречување корупција и судир на интереси, како и прекршување на одредби од Законот за работни односи, според кои работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор на основање и дејствување на синдикатите.

Во меѓувреме, соопшти Ивановска, постапувал надлежниот орган – Државниот инспекторат за труд кој утврдил прекршување на одредбата 195 од Законот за работни односи, по што ќе спроведе постапка согласно своите законски одредби по утврдениот прекршок.

– ДКСК имајќи ги предвид наодите укажува дека со ваквото постапување на ректорите директно се прекршени начелата за законитост и интегритет, кои тие први треба да ги применуваат, рече Ивановска.

Би можело да ве интересира

94 функционери казнети со по 300 евра за непријавување на имотната состојба

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он