Антикорупционерите со иницијативата за кривично гонење на претходниот министер за култура

Од:

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство е поднесена иницијативата за понатамошно постапување за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека посочениот министер постапувал спротивно на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети за 2020 година со тоа што во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.

– Со Законот за буџети се предвидува дека буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или се направат расходи над одобрените средства од буџетот. Со член 4 од Законот за извршување на буџетот за 2020 година се наведува дека буџетските корисници и единки не смеат да преземаат обврски или да направат расходи над лимитот над одобрените средства од Буџетот. Според член 37а за извршување на буџетот на буџетскиот корисник е одговорен раководителот на буџетскиот корнисник. Врз основа на ова прекршување, ние ја подготвивме иницијативата и веќе е доставена до ОЈО за понатамошно постапување, изјави Георгиев.

Претходно, ДКСК информираше дека по разгледување на целокупната документација за овој случај, било констатирано дека во текот на февруари 2020 година од страна на стручните комисии формирани во Министерството за култура, биле донесени решенија со кои се одобрени средства за финансирање на три програми во висина од околу 196 милиони денари или над 3 милиони и 100 илјади евра за 684 проекти, додека оваа институција имала на располагање само 136 милиони денари за да ги финансира овие три програми.

Според ова, во февруари 2020 кога биле склучени овие 684 проекти биле преземени обврски во висина од над 60 милиони денари над буџетски обезбедените средства за 2020 година, што пак упатуваат дека раководното лице во Министерството за култура си преземало обврски надвор од расположливите средства со Буџетот, што е забрането и казниво.

Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.

Би можело да ве интересира

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок

Антикорупциска со инијатива за гонење на поранешен директор на ЕСМ: Злоупотребил положба за набавка на мазут

Орце Костов