А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК отворила предмет за првиот сет економски мерки, ќе проверува кои фирми добиле, а кои биле одбиени и зошто

by А1он12/06/2020 - 14:49371
Share0

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Прашана дали ќе се истражува можен судир на интереси за Кочо Анѓушев, кој како советник во Владата учествува во креирањето на мерките, Ивановска, рече дека тоа е веќе предмет на истражување и до Владата е доставено барање за потребните податоци за предметот кој се однесува за првата мерка, каде што приматели на државната помош се и фирми со добра финансиска кондиција, по пријава од други фирми кои се одбиени.

– Аргумент плус, што го кажувате дека како советник учествува за да добие од друга страна економска корист, затоа што како економски советник може да влијае во утврдувањето на критериумите кои ќе ја формираат мерката. Во таа насока би одело нашето разгледување на предметот, изјави Ивановска.

Прашањето за ДКСК, посочи Ивановска, е дали се обезбедува отчетност, транспарентнот и право на учество за мерката, односно кои биле критериуми, кој имал право да добива и како биле селектирани фирмите, а второто прашање е дали Кочо Анѓушев како член на тој совет ќе влијае на дефинирање на критериумите кои што ќе ги формираат мерките, за потоа да се јави како корисник на истите.

Следете a1on на Youtube YouTube

ДКСК, додаде Ивановска, исто така ќе ги разгледа и информациите за критериумите и доделувањето на одлуката за граѓанските здруженија.

Во однос на останатите мерки, како домашната платежна картичка, Ивановска, рече дека ДКСК укажала дека е неопходно јавно да биде објавена целата листа на сите добитници на тие картички за да се провери дали има системска грешка, како и дека не треба да се повторуваат мерките кои веќе биле исполнети или, да се рекламираат мерки кои нема да се реализираат во догледно време.

– Будно ги следиме сите процеси кои што се случуваат во текот на вонредната состојба, особено кои се од аспект на трошењето на буџетските средства. Ги гледаме сите уредби кои значат зафаќање на Буџетот. Се потрошија многу пари, дали е тоа оправдано или не. Во таа насока се движат нашите анализи, изјави Ивановска.

dksk

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот потпретседател на ДСКС, Нури Бајрами

Горан Наумовски18/07/2026 - 12:21

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он11/06/2026 - 16:3611/06/2026 - 16:41

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он11/06/2026 - 15:23

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Горан Наумовски04/06/2026 - 16:58

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он11/05/2026 - 18:5011/05/2026 - 18:52

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он22/04/2026 - 15:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео