Трпеновски: Парите што беа исплатени како гаранција за вакцините се вратени

Од:

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го добиле и во Државната комисија за спречување на корупција. Антикорупционерот Горан Трпеновски вели дека за парите, комисијата добила известување дека се исплатени како гаранција за резервација на вакцините. Потоа, според Трпеновски, парите биле вратени на Македонија, а договорот со фирмата од Хонг Конг е раскинат со владина одлука на затворена седница.

„Ги пратиме не само тие објави, туку имаме и предмет за вакцините. Пред крај сме со целиот предмет, имаме информации кои не се сеуште целосни, а конкретно ќе одговорам за вчерашниот документ. Од Народна банка имаме и ние документ дека е извршена исплата на 7 милиони и 8 илјади долари за увоз на стока. Односно МЗ има исплатено на 15 февруари. Народната банка го има реализирано во корист на фирма ‘Старби интернешнл’од Хонг Конг. Од Министерството за здравство  ме известија дека министерството нема исплатено аванс на правно лице за купување на вакцини, туку дека се исплатени средства како гаранција за да се изврши резервација на целокупната количина од 200.000 дози вакцини од Синофарм“, вели Трпеновски.

Детали за набавката на вакцините од Кина преку приватната фирма, не се изнесуваат. Дел од документите имаат одредба која предвидува дека тие се тајни. Трпеновски најави дека во наредниот период ќе се организира прес-конференција на оваа тема или пак, брифинг со новинарите, за да се запознае јавноста со целиот случај.

„Владата заедно со кинеската амбасада по разговорите одлучила да ги прекине започнатите активности и ги побарале назад уплатените средства, што било реализирано. Владата го задолжила Министерството за здравство, парите кои биле префрлени на фирмата биле вратени назад. Владата продолжила по другиот пат, склучила договор со Синофарм. Не можам да изнесам други детали, бидејќи има клаузула за тајност. Ситуацијата е комплексна, треба со ладни глави да се размисли“, рече Трпеновски.

Инаку, вчера ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со уплатата на парите кај фирмата ‘Старби интернешнл’од Хонг Конг, целта на државата била за двојно повисока цена да ги набави кинеските вакцини. Тие сметаат дека целта биле провизии да завршат во приватен џеб.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски