ДКСК ќе поднесе прекршочна за градоначалникот на Неготино

Од:

Антикорупцсиката комисија на денешната седница одлучи да поведе прекршочна постапка против градоначалникот на Неготино Тони Делков, затоа што за време на изборниот процес потпишал нови вработувања во општината.

Како што објаснија од ДКСК, станува збор за ангажман преку Агенција за привремени вработувања, иако според Изборниот законик , градоначалникот не смее да започне постапка за вработување на нови лица за време на изборна кампања.

На истата седница комисијата затвори и предмет за можен непотизам за градоначалникот, со образложение  дека при постапката на вработување на сопругата на својот прв братучед се било законски и согласно планот за вработувања во општината.

Г.Н.Р

 

 

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Адем Чучуљ e избран за претседател на ДКСК

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски