ВИДЕО: ДКСК ќе ги истражува бизнисите на Заев, Анѓушев и Манчевски

Од:

Антикорупциската комисија отвори 6 предмети по пријави од ВМРО-ДПМНЕ од кои дел се поврзани со премиерот Зоран Заев за случаите познати како „Поткуп“ и „Глобал“, како и за т.н бугарски фирми. Предмет се отвора и за легализирањето на хациендите „Цареви Кули“. Објаснувањето на ДКСК зошто отвораат предмети кои имаат судска разрешница е дека има пријава за овие случаи. Од Антикорупциската комисија наведуваат дека ќе го истражат случајот и ќе видат дали и за кои предмети има судска разрешница и дали ќе го затворат предметот.

Има и предмет поврзан со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски како и за вицепремиерот Кочо Анѓушев.

За Анѓушев ќе се истражува како било дадено под закуп земјиште за изградба на хидроелектрана на фирмата ,,Тополки” во сопственост на неговиот брат Тодор Анѓушев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски