ДКСК: Издадени дозволи по итна постапка за 14 средства за дезинфекција, со обврска да се регистрираат по крајот на вонредната состојба

Од:

Министерството за здравство, сектор хемикалии во услови на пандемија дозволите употреба на средства за дезинфекција ги дава по брза постапка во рок од два дена, со обврска на производителот кога ќе заврши вонредната состојба да ја заврши постапката за регистрирање на производот, информираше денеска Горан Трпеновски од Државната комисија за спречување на корупција, во однос на отворениот предмет за појавата на нерегистрирани средства за дезинфекција во употреба.

Ваква дозвола за време на вонредната состојба досега добиле седум фирми со 14 производи за дезинфекција.

Од проверката во Бирото за јавни набавки, информираше Трпеновски, се покажало дека нема автоматски механизам за контролаат набавките поврзани со КОВИД-19, бидејќи во услови на вонредна состојба и пандемија сите набавки се итни и неодложни и се склучуваат во четири очи, со обврска да се пријави во рок од десет дена.

– Од бирото ни напоменаа дека треба да се направи ревизија за овие постапки, бидејќи кај сите договори во четири очи има голем простор за злоупотреби и корупција. Затоа ДКСК ќе даде укажување до Министерство за здравство за изнаоѓање законски решенија по однос на работењето и постапувањето на институциите во услови на вонредна состојба, со цел спречување на недоследности во нивното постапување. Со особено внимание на јавните набавки кои вклучуваат трошење на буџетски средства, дистрибуција на државна помош, донации и работата на инспекторатите, изјави Трпеновски.

Од проверката на Држаниот инспекторат, посочи Трпеновски, најдено е дека фирмата „Мултихем“ има донирано незначително количини на средства за дезинфекција на инстутиции во Струмица.

– По проверката таа донација е дадена во незначитечни количини во период 2, 6 и 7 април, а дозвлата за употреба на тој производ ја добиле на 8 април, што значи дека околу 400 литри се пуштени во употреба без да ја добијат потребната документација, изјави Трпеновски.

На прашање дали во маркетите се продаваат такви средства, Трпеновски, рече дека се додека не се заврши целокупната регистрација тие производи нема да бидат објавени и дури откако ќе заврши регистрацијата ќе бидат објавена на листата на хемикалии.

– Тоа е зошто во услови на пандемија е можно тие средства сега да се регистрираат и усно, со обврска да се продолжи нивната регистрација по завршување на вонредната постпка, по што ќе се знае точно кој е производител на некој производ и дали е лиценциран, појасни Трпеновски.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок