ДКСК: ИВЗ пет години не доставила извештај за работењето до Централен регистар

Од:

Последните пет години Исламската верска заедница не доставила основен извештај и годишна сметка до Централниот регистар. Поради непреземање на мерки од страна на Централниот регистар, Антикорупциската комисија ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност на директорот и на службени лица од таа институција до Владата. ДСКС од УЈП ќе се побара да достави записник за извршената финансиска контрола за работењето на ИВЗ за период од 1 јануари 2014 до 31 декември 2018 година. Антикорупциска ќе го почека записникот за да одлучи какви мерки ќе преземе, а за ова ќе ја извести и Владата, информира антикорупционерот Нури Бајрами.

– Од Министерството за финансии добивме информација дека ИВЗ, по основ на враќање на имот, добила обврзници во висина од 9.100.000 евра, како компензација за имот кој не може да се врати, или поконкретно се работи за над 48.000 квадратни метри земјиште и 210 квадрати станбен простор, вели Бајрами.

Тој информира дека за злоупотребата на финансиското работење на ИВЗ е доставена пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал, а до Антикорупциска била доставена копија од пријавата и биле приложени 116 докази. Поради постапката во обвинителството, Бајрами рече дека не може да ги презентира тие докази.

– Обвинителството треба да одлучи дали врз основа на пријавата ќе биде поднесен обвинителен акт. Кога ќе одлучи ЈО, јавноста ќе биде известена, вели Бајрами.

Од Антикорупциската комисија ќе побараат проверка на регулативата, односно на Законот за црква, верски заедници и религиозни групи, Законот за здруженија и Законот за сметководство на непрофитните организации, бидејќи не се сите под ист назив, а некој може да создаде конфузија меѓу непрофитни, здруженија на граѓани и здружени граѓани, појасни членот на ДКСК Бајрами.

Тој информира дека до ДКСК на 1 ноември 2019 била поднесена пријава за сомневање за незаконитости. и злоупотреба на финансиски средства од страна на раководители и верски службеници на ИВЗ. Од ИВЗ реагирале дека нејзините пари не се од државниот буџет па затоа ДКСК нема право да се меша во нејзината автономија. Но, Бајрами појасни дека службените лица од сите институции, одговараат пред нив. Тоа што тие не иницирале постапки за недоставување на извештај, што веднаш спаѓа под надлежност на ДКСК, бидејќи непреземале дејствија

Тој му порача на доскорешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи дека „никој не е над законот, па ниту ИВЗ“.

Би можело да ве интересира

ДКСК ќе поведе иницијатива за кривично гонење за организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година

Ана Ололовска

ДКСК констатира пет случаи на кумулација на функции кај избрани и именувани лица

А1он

ДКСК донесе одлука за запирање на предметот против Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата

Ана Ололовска

Антикорупционерите со иницијативата за кривично гонење на претходниот министер за култура

Ана Ололовска

Директор на основно училиште во Теарце ја вработил ќерката, ДКСК бара поведување на прекршочна постапка

А1он

ДКСК: Да се поведе прекршочна постапка за Ева Шуклева, откако е на функција нема поднесено анкетен лист

Ана Ололовска