ДКСК го усвои годишниот план за проверка на имот, ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека ќе бидат изработени објективни критериуми, во кои ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени.

– Во првиот квартал, во пресрет на локалните избори ќе бидат опфатени 15 градоначалници и градоначалникот на Град Скопје. Не можеме сите да ги опфатиме, па ќе направиме некоја селекција во зависност од средствата со кои располагале, изјави Ивановска.

Во вториот квартал, посочи Ивановска, ќе бидат опфатени судии, меѓу кои и двајца претседатели кои не беа опфатени минатата година, а во третот квартал владини функционери, што е наша обврска од ГРЕКО.

На денешната седница ДКСК ја разгледа и усвои годишната програма за работа за претстојната 2021 година. Катица Николовска, образложувајќи ја програмата, рече дека за реализирање на планираното неопходно е Собранието што побрзо да ја усвои Националната стратегија за борба против корупцијата.

– Во програмата се наведени активностите на сите одделенија и сектори во комисијата. Тековно постапување по пријави, како и зголемување на соработката со невладините и сите институции. Потоа, имплементација на Законот за заштита на укажувачи и јакнење на капацитетите на ДКСК, рече Николовска.

Програмата е јавно достапна и ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК.

ДКСК, на денешната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за управување со ризици 2021-2023 година.

Комисијата на денешната седница го усвои и годишниот план за јавни набавки, во кој најголеми ставки се набавка на нов софтвер и реконструкција на просториите.

Би можело да ве интересира

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок

Антикорупциска со инијатива за гонење на поранешен директор на ЕСМ: Злоупотребил положба за набавка на мазут

Орце Костов