ДКСК донесе одлука за запирање на предметот против Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата

Од:

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска донесе одлука за запирање на предметот против поранешниот претседател на држават Ѓорге Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека постапката се затвора, дека со огледа на тоа што има надмината и промената фактичка состојба, Комисијата нема понатаму што повеќе да прави.

– ДКСК во целост ја испочитува постапката во конкретниот случај и ги утврди сите релевантни факти и докази и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба Изборниот закон. Надлежните судски органи и покрај бројните појаснувања и образложенија дадени од ДКСК не ги земаа во предвид при утврдување на фактичката состојба. Со оглед дека од денот на донесување на оваа одлука и утврдување на основаноста на наодите за сомневање помина подолг временски период, од кога се променија околностите со конкретно службено лице, ДКСК оцени дека нема елементи за понатамошно постапување и заклучи дека предметот треба да се заклучи и архивира, изјави Ивановска.

Фактички, посочи директорката на ДКСК, унапредувањата ги направил наредниот претседател на државата, што, како што рече, со тек на време имаме целосно изменета фактичка состојба и од тие причини е безпредметно овој предмет да стои отворен.

Ивановска, потсети дека ДКСК постапувајќи по добиени сознанија од медиуми и пријави од непознати подносители, отворила предмет по сопствена иницијатива во врска со потпишани укази за унапредување и именување на лица во Армијата од страна на Претседателот Ѓорге Иванов за време на изборниот период 2019 година.

За утврдување на фактичката состојба, Ивановска, посочи дека ДКСК побарала и добила информации и докази од Кабинетот на претседателот Иванов и до Министерството за одбрана.

– Двете инстуицуии доставија одговори и произнесувања по однос на сомневањата за конкретниот случај. Министерството за обрана достави информација „доверливо“ со напомена дека информацијата може да се користи само од ДКСК. ДКСК по разгледување на сознанијата и добиените одговори ги утврди сите релевантни факти и докази за постоење индиција за прекршување на одредби од Изборниот зкаоник и констатира фактичка состојба. На својата 11 седница ДКСК донесе одлука во која утврди дека сомневањата за унапредувањата претседателот Иванов сторил дејствија кои се забранети за време на изборниот процес, што значи дека сомневањата се основани и одлучи да иницира прекршочна постапка против служебното лице Иванов пред надлежен суд, изјави Ивановска.

Постапувајќи согласно законот за донесената одлука, нагласи дека ДКСК оваа одлука ја објавила на својата веб страна.

– Врз основана на донесената одлука, пред поднесување на барање ја прекршочната постапка, а со оглед дека беше констатирана повреда од страна на ДКСК составен е и потпишан записник за констатиран прекршок и беше издаден прекршочен платен налог. Платниот наглог и записникот се доставени со препорачана пошта во јули 2019 на Иванов. Од негова страна во утврдниот рок не е постапено по пркршочниот налог и не е платен налогот и не е доставен доказ, по што овластено лице од ДКСК донесе одлука за отворање прекршочна постапка до Судот, изјави Ивановска.

Незадоволно од поднесното барање, нагласи Ивановска, тужителот Иванов изјави тужба до Управниот суд против одлуката на ДКСК, на која ДКСК достави одговор во која ги даде сите свои аргументи и образложила дека ДКСК по постапување по конкретниот предмет утврдила постоење на сомнеж, што понатаму требало да го утврди Судот.

-Управниот суд донесе пресуда со која тужбата на Иванов ја уважи, а одлуката на ДКСК е поништена со образложение дека од страна на ДКСК не се строрени доволни напори за утврдување на фактичката состојба и оцени дека има потреба од повторно постапување и оценување, изјави Ивановска.

Незадоволна од донесена пресуда, ДКСК поднела жалба до повисокиот суд, во која навела дека првостепениот суд погрешно утврдил дека тужениот орган не прибавил докази за повисока исплата на плати, посочувајќи дека го известиле Судот дека располагаат со документи кои се доверливи, за кои согласно законот потребна е согласност од Министерството за одбрана, кое ДКСК не била во можност да ги достави до првостепениот суд. Вишиот управен суд, исто така, донел решение со кое жалбата на ДКСК против пресудата на Управниот суд ја отфрли како недозволена.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок