ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д. директор на Зоолошката градина

Од:

Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д. директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект.

Како што информираа од ДКСК, извршен бил вонреден инспекциски надзор и според записникот од надзорот бил утврдена неправилност по што инспекторот упатил укажување напомена за отстранување на констатираната неправилност согласно предвидениот законски рок, со напомена дека за сторената повреда на член 34 од Законот за култура не е определена ниту пропишана прекршочна санкција.

-Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.

Од Комисијата соопштија дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до ОЈО за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Данела Арсовска. Воедно Комисијата ќе достави иницијатива за поведување кривично гонење и за в.д. директорот Драган Илиевски, како и препорака до Инспекцискиот совет во врска со непостапувањето на Инспекторот кој извршил надзор.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ