ДКСК апелира граѓаните кои пријавуваат корупција да дадат поконкретни наводи за да можат да постапуваат

Од:

Државната комисија за спречување на корупција на продолжението на 41-та седница, денеска разгледа повеќе предмети, а се однесуваат на вработувања, сомнително стекнат имот и непријавување на анкетен лист по истекот на финкцијата.

На продолжението на седницата, ДКСК за презентираните предмети се прогласи за ненадлежна или ги отфрли како неосновани, бидејќи стануваше збор за предмети по кои веќе постапувале.

Во рамки на редовните проверки за пријава на имотната состојба на функионерите во Државната комисија за спречување на корупција дали на време се доставуваат изјавите од анкетните листови, односно до 30 дена од престанувањето на функција или назначување, членот на Комисијата Софка Пејовска Дојчиновска констатирала дека двајца пратеници не поднеле анкетен лист.

-Тоа се поранешните пратеници Неџмедин Келменди и Борис Змејковски кои не си ја исполниле обврската по престанокот на функцијата во рок од 30 дена да донесат анкетен лист. Постапувајќи согласно законот ние го констатиравме тоа и поведена е прекршочна постапка, а за тоа е поднесен е платен налог за сторениот прекршок. Именуваните во рок ги платиле платните налози, истакна Пејовска Дојчиновска.

Членовите на ДКСК најавија дека дополнително ќе проверат дали поранешните пратеници ја извршиле својата должност и после платените налози, бидејќи може да се случи тие да ја платат казната, а да не ги достават анкетните листови со имотната состојба.

Антикорупционерите ја запреа постапката по предметот по кој постапувале за сомнително вработување по скратена постапка во државна агенција, а се однесува на периодот пред промена на власта и тоа седум дена пред 1 јуни 2017. Владимир Георгиев појасни дека законски е извршено вработувањето, односно извршено е преземање на вработен од кабинетот на тогашниот премиер во конкретната агенција, но забележано е дека во ситематизацијата на институцијата извршена е измена на условот за образоваание на конкретното работно место за кое било потребно економски науки и наменски е додаден за конкретно лице, машинство.

Комисијата апелираше до граѓаните кои поднесуваат пријава до ДКСК да дадат барем минимум појаснувања за наводната корупција со што антикорупционерите би можеле да постапуваат по предметот.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев