ДКСК: Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа е направена врз основа на податоци од Собранието

Од:

„Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа сакаме да ве известиме дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Исто така, сакаме да појасниме дека Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции.

Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот“, се наведува во соопштението на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев