Џаламарите ги избркаа лошите духови во Кавадаречко

Од:

Долгогодишната традиција на џаламарството во Тиквешијата продолжи и денеска, џаламарите со страшни маски и клопотарци со кои прават врева ги избркаа лошите духови во неколку кавадаречки села – Сопот, Дреново, Бегниште, Ресава.

На симболичен начин тие ги ипсратија пораките за плодна година. Претседателот на кавадаречкиот општински Совет Илија Тренчев денеска ги посети џаламарите од селата Сопот и Дреново и наздрави со чашка греана ракија.

– Како што тече оваа ракија во чашите и во нашите усти така да тече со лесно пласманот на земјоделските производи во Тиквешијата, посакаа џаламарите.

Тренчев изјави дека општината отсекогаш ја почитувала и ќе ја почитува традицијата.
– Прекрасно е да се биде дел од овие традиционални верувања на населението. Традицијата е она по што се разликуваме од другите. Таа е нашето минато, сегашноста и иднината, рече тој.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска