Џафери-Бренгелман: Продолжува поддршката за реформите во МО и АРМ

Од:

Определбите  на претставниците на НАТО опстојуваат во ставовите дека Република Македонија оние вредности што ги имала достигнато оценети на Самитот во Букурешт 2008 година успева да ги одржува на потребно ниво, а ја имаме и поддршката во сите напори што ги правиме во понатамошните ангажмани и потреби за дозаокружување на целосно реформирање на МО и на АРМ.

Ова го изјави минситерот за одбрана Талат Џафери по денешната средба со помошник-генералниот секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика Дирк Бренгелман.

На средбата Џафери го информирал Бренгелман за повеќе прашања меѓу кои за идејата за враќање на регрутниот систем, за исполнување на обврските од Охридскиот договор, за соработката на МО со медиумите, како и за надминување и исполнување на мартовскиот договор во врска со настаните од 24.декември. Посебно бил истакант придонесот на Република Македонија во меѓународните мировни мисии ИСАФ, АЛТЕА и УНИФИЛ.

– Билатералните односите со вашата земја се силни, а го вреднуваме и придонесот што го давате во ИСАФ, КФОР и учеството во рамки на регионалните иницијативи, изјави помошник-генералниот секретар на Алијансата Бренгелман, по средбата.

Појаснувајќи дека ова е годишна НАТО посета како резултат на продуктивните разговори и Акциониот план за членство, тој информира дека е разговарано за одбранбените реформи, но и за политичкиот елемент на Акциониот план за членство.

– Разговаравме и за имплементацијата на мартовскиот догворо, законот за медиумите, за начинот на кој се импелемнтира и Охридскиот договор, како и за прашањето за името и ги повторивме уште еднаш нашите ставови од Букурешт 2008 година и од Чикаго 2012 година, рече Бренгелман, додавајќи оти НАТО ги поддржува и активностите на Република Македонија во регионалната соработка, особено во рамки на Јадранската повелба.

Би можело да ве интересира

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО