Огромна дива депонија во националниот парк Галичица може да се забележи и на Google Map, единствено не ја гледаат тие што се надлежни да ја расчистат и да спречат во иднина вакви еколошки катастрофи.
Расфрлан градежен шут, стакло, хигиенски средства, презервативи, облека, пластична амбалажа, кеси, телевизори, покуќнина, мртви животни и што ли уште не. Охрид и езерото се под заштита на УНЕСКО како светско културно и природно богатство.
Очигледно е дека од Националниот парк Галичица не си ја вршат работата со оглед дека оваа еколошка катастрофа се случува во непосредна близина на управната зграда.
На оваа локација ѓубрето и шутот не се оставени само еднаш, може јасно да се види дека систематски се одлага отпад на оваа локација која е само околу 150 метри од самата управна зграда.