ДИТ: Се намалуваат пријавите за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот од страна на работодавачите

Од:

Државниот инспекторат за труд нема точна бројка колку пријави има за непочитување на мерките за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот од страна на работодавачите, кои се однесуваат на ослободување од работа на родиДИТтели со деца до 10 години, хронични болни, но и другите мерки и препораки. Но, како што потенцираат оттаму, првата недела тие пристигнувале во поголем број, а сега постојано се намалуваат.

-Во моментов немаме точна бројка. Ќе направиме анализа за цел месец март, бидејќи имаме податоци од различни извори. Покрај постоечките, додадовме уште еден мејл за пријави, имаме дежурни телефони кај сите инспектори, се доставуваат пријави преку веб сајтот, а државниот советник е постојано во дирекција и одговара на прашања. Кога ќе имаме точни податоци ќе ги објавине на веб страниците на Инспекторатот, на Министерството за труд и социјална политика и на Владата, рече Аљадин Хавзиу – директор на Државен инспекторат за труд.

Но, потенцира, како што одминува времето опаѓа бројот на претставки до ДИТ.

-Критично беше првата недела додека и работодавачите и работниците не беа свесни за мерките. Првото деноноќие имаше 140 повици на дежурниот телефон, следниот ден веќе имаше петстотини претставки. Сега бројот се намалува. До крај на недела кога ќе има обработени податоци ќе излеземе со точна бројка, рече Хавзиу на денешната прес-конференција во Владата.

Од 23 до 27 март, како што беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет, од Државниот инспекторат за труд биле реализирани вкупно 748 контроли, при што се донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не постапиле согласно владините мерки. При контролите било констатирано дека поголем дел од работодавачите ги почитуваат препораките и мерките на Владата.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски