Дискусија за правото на самоопределување во Парламентот би била понижувачка

Од:

Ние немаме намера да деклкарираме позиции кои се јасно декларирани и во законите и во Уставот. Кога би отишле во Парламентот тоа да го потврдиме навистина сами себе би си ја повредиле честа. Ние сме со своја лична карта Македонци со македонски јазик, нашите сограѓани се со незагрозен идентитет – Албанци со албански јазик, Турци со турски јазик…. Тоа е правото на идентификација и самооппределување и ако такви работи дискутираме во Парламентот најблаго кажано би било понижувачки.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев за отчет за сработеното на 100 дена од Влада, прашан дали се размислува за институционален одгвоор на бугарските услови преку декларирање на македонските позиции во Собранието.

-Ние сме убедени дека на големи проблеми се наоѓаат решенија, а не на вакви проблеми пред кои сме исправени. Проблемот е навистина нелогичен, сигурно дека е решлив и продолжуваме да изнаоѓаме решение. Не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ низ европеизација на државата која што ни треба како квалитатив, а не самото членство како членство – порача премиерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Ковачевски: Референдумот е само за лични цели

Катерина Ѓуровски