Дисциплинска постапка за инспектор, објавил видео на Фејсбук и го нарушил угледот на МВР

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврдил дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР вечерва соопштија дека Одделот за внатрешна контрола утврдил дека инспекторот З.Р. објавил видео на осми месецов  во 20.20 часот со вклучување во живо на својот Фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул. „Партизански одреди“.

Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20 часот.

Во соопштението на МВР не е наведено за какво видео станува збор.

-Против З.Р. ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за постапување спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, како и за рушење на угледот на МВР, стои во соопштението. Апелираме, граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи, да ги почитуваат законските прописи и да се придржуваат кон мерките и одлуките на Владата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари