Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за Хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за сума од над 1.000.000 денари.

Директорот Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за Хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари. Првата активност на новиот директор, братучед на Џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе. Ова е целосно не домаќинско работење на компанија која главна задача му е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија. Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче. Ги повикуваме институциите да постапат веднаш а ние следствено ќе ги следиме на дневна основа сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење и ќе ги известиме надлежните институции за сите злоупотреби, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Не смееме да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично