Директорот на БЈБ Савовски на состанок за мигрантите во Загреб

Од:

 Директорот на БЈБ Горанче Савовски денеска во Загреб, Република Хрватска, учествува на работен состанок на директори на полиција и шефови на гранични служби на западно-балканската рута на мигранти на кој учествуваат и делегации од Република Австрија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Србија и Република Словенија.

На состанокот, како што соопшти МВР, ќе бидат разменети информации за тековната ситуација во државите во однос на справувањето со миграциската криза и ќе се разгледуваат и можностите за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови.

Планирано е да се разгледа и предлогот за стандардизација на регистрацијата на мигрантите со цел воспоставување јасни заеднички критериуми кои мигрантите треба да ги исполнуваат за нивно транзитирање низ рутата. Во таа насока,  неопходно е земјите учеснички да се согласат за стандардите за регистрациските методи и постапки.

Се очекува на состанокот да стане збор и за  дополнителна помош на македонската полиција во заштита на државната граница и спроведувањето на граничната контрола од страна на земјите од западно балканската рута на мигранти.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод