А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Директорот на АМС, Спасески на форум за млади во ОН

by А1он30/01/2017 - 09:3131/01/2017 - 08:11142
Share0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески во Њујорк во седиштето на Обединетите Нации присуствува на дводневна конференција насловена „Улогата на младите во искоренување на сиромаштијата и промовирање на просперитет во светот кој се менува”, во организација на Економскиот и Социјален Совет на ОН (ECOSOC).

Добивај вести на вибер

Како што соопоштија од Агенцијата, на конференцијата ќе учествуваат министри задолжени за млади, претставници на младински организации од целиот свет, претставници на меѓународни организации во чиј фокус се младинските политики. Конференцијата официјално ќе ја отвори Генералниот Секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Спасески ќе има обраќање на министерската панел-дискусија, а во својата дискусија ќе се осврне на имплементацијата на Националната стратегија за млади (2016-2025), која беше усвоена од Владата минатата година, за воспоставувањето на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (РИКО), како и за проектите кои ги реализира во насока на поддршка на младите луѓе и спроведување на приоритетите во деветте области опфатени со Националната Стратегија.

На Форумот, предвидено е Спасески да оствари билатерални средби со неколку свои колеги, во насока на продлабочување на соработката во делот на спортот и младите, информираат од АМС.

На повеќе тркалезни маси, ќе се дикутира за имплементација на Одржливите Развојни Цели, за младинското ангажирање во искоренување на сиромаштијата, мерките за финансирање на младинските политики и добрите практики за поддршка на младинскиот развој.

ams

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он01/05/2024 - 09:3901/05/2024 - 09:39

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Катерина Ѓуровски30/04/2024 - 14:56

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска03/02/2023 - 14:36

(ВИДЕО) Царовска: Студентите помогнаа да донесеме политики кои ќе го подобрат стандардот на младите

Ана Ололовска09/07/2020 - 14:3909/07/2020 - 14:52

ВИДЕО: Затворениот базен во „Суитлак“ се очекува за една година, почна изградба и на кошаркарско игралиште

Ана Ололовска16/05/2020 - 14:3716/05/2020 - 14:44

(ВИДЕО) Каевски: Реновиран студентскиот дом Гоце Делчев

Драган Поповски15/02/2020 - 11:3617/02/2020 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен