Директорот на агенцијата за млади и спорт во посета на Информатијада 2014

Од:

Директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска дојде во официјална посета на еден од работните денови на петдневното информатичко дружење Информатијада 2014.
Тој ги посети спортските активности кои се дел од Информатијадата и самиот се увери во спортскиот карактер кој е еден од симболите на овогодинешната манифестација.
Фудбал, ракомет, кошарка, одбојка се само дел од спортовите кои оваа година се дел од спортската програма на Информатијада.

– „Ми беше навистина голема чест да присуствувам на овогодинешната Информатијада која оваа година за првпат се одржува во Република Македонија, а на која учество земаат над 400 студенти од нашата држава и регионот. Она што е навистина значајно е фактот што покрај официјалниот работен дел со едукации и натпревари, студентите можат и да се натпреваруваат во неколку спортски дисциплини и практично да го поттикнат физичкиот развој и здравјето кај младата популација. За пофалба е тоа што овие млади даваат пример за останатите како преку учењето може да се промовира здравиот начин на живот и спортувањето како многу важен дел од развојот на младите.“ – изјави Спасески.

Директорот освен што посети еден од спортските натпревари, тој самиот се увери во убавата атмосфера на хотелот Десарет во која младите информатичари наредните денови ќе продолжат да ги покажуваат своите способности во науката и спортот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Студентите помогнаа да донесеме политики кои ќе го подобрат стандардот на младите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Затворениот базен во „Суитлак“ се очекува за една година, почна изградба и на кошаркарско игралиште

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Каевски: Од Буџетот ќе се исплаќаат по 14.500 денари за април и мај за спортистите и спортските работници

Ана Ололовска