Директорка на скопско училиште јавно праша астролог дали ќе добие втор мандат: Тоа нема поврзаност со мојата работа

Од:

По еден час следење на емисија за астрологија, директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, Матилда Бајкова, прашала дали ќе добие уште мандат. Нејзиното прашање не било одговорено од страна на астрологот Мирјана Мирковиќ. „А1он“ исконтактира со Бајкова, која освен директор е и професор по македонски јазик и литература. Таа вели, дека прашањето го поставила од забава, а во астрологија не верува иако сака да слуша и чита за неа.

„За забава, во слободно време никој не може никого да обвини. Тоа нема никаква поврзаност, ниту пак штета на она што се работи како работа. Секој има право да се забавува на свој начин. Со другарка ми, сакаме и читаме хороскоп, астрологија. Нѐ интересира. Во моментот, рековме, што да прашаме во живо е, па ми вика, ти имаш втор мандат, јас и реков: „смешно е тоа да го прашувам, јас сум остварен човек“, на што ми рече: „абе ајде, баш ме интересира што ќе ти кажат“. Нормално, не го добив одговорот. Тоа е забава, астрологијата е нешто што секојдневно го читаме“. Вели Бајкова за „А1он“.

Таа смета дека се прави сензација од нејзиното прашање, но и дека се смешни пишувањата.

„Од она што го работам и од она што го имам како резултати до сега, јас имам потполно право, како и секој што ги исполнува условите, да се кандидирам. Очекувам поддршка од родителите, сама за себе, училиштето, клиентите, учениците, четири години ја имам“, додава таа.

Директорката Бајкова која ќе се кандидира за втор мандат, посочи дека читала и дела кои се поврзани со астрологија, бидејќи ѝ биле интересни.

„Чиста забава, не знам зошто толку фама се направи“, посочи Бајкова.

Инаку, Матилда Бајкова има добиено и признание за Меѓународниот ден на учителот, за „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017“.

Би можело да ве интересира

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Орце Костов

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

Орце Костов

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови