Директор на училиште во Велес добил снимка со сексуална содржина меѓу професор и ученичка

Од:

Скандал го тресе средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес. Аудио снимка на која се слушал разговор, за кој во пријавата се тврди дека е помеѓу професор и ученичка, а се зборувало за сексуални односи кои ги имале, кружи на социјалните мрежи. Истата била испратена и до директорот на училиштето. Тој, пак, пријавил во полиција.

„Директорот на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес пријавил дека на 15.10.2022 преку социјалната мрежа „Фејсбук” од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче“, велат од МВР.

До директорот била испратена и СМС порака дека ако не преземе мерки против професорот, ќе настрада тој.

„СМС пораката била со заканувачка содржина, доколку не преземе мерки против професорот“, додаваат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот. Полицијата утврдува чии гласови се слушаат на снимката, по што, во станица ќе бидат повикани професорот и лицето кое пријавило.

Би можело да ве интересира

МОН: Изготвени нацрт верзии на новите закони за средно, за стручно образование и обука и за образование на возрасните

Ана Ололовска

МОН донесе времена одлука: Во средните медицински училишта ќе се запишуваат само редовни ученици

Ана Ололовска

Шаќири: Ќе бидат прифатени барањата на матурантите што имаат законска основа

Горан Наумовски

МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен на воспитно – образовниот процес на учениците кои матурираат годинава

Матурантите од ОДАС ќе бидат примени во МОН за да ги изнесат барањата за полагањето матура

Ана Ололовска

МОН префрли пари, но студентите не се откажуваат од протестот: „Не може пари за оброк да добиваме на крајот од месецот“

Орце Костов