Дипломиран агроном понудил генијална идеја за санирање на последиците од поплавите, Владата го игнорира

Од:

Минатата недела му испратив СМС порака на вицепремиерот на Владата во која ја понудив мојата стручност и знаење за санирање на последиците од поплавите во скопско со примена на светски призната технологија од јапонскиот научник Теуро Хига која беше применета за санирање на штетите од цунамито во Индонезија. Вака започна разговорот со Марјан Мирчевски, дипломиран инженер агроном, кој иако својата стручност ја понудил со цел поефикасно и поевтино да се санираат последиците од поплавите, одговор од надлежните не добил.

– Се работи за научна примена на позитивното дејство на млечнокиселинските бактерии пробиотици во санирањето на штетите од природните непогоди, или во санирањето на штетите предизвикани од нестручно користење на хемиските пестициди и вештачки минерални ѓубрива во агрономијата. Истата технологија имав можност да ја запознаам и усовршам во 2009 и 2010 година во Република Полска, каде се запознав со самите процеси на ферментација и добивање на органски соодветни биораствори кои потоа имаат улога на биоадитиви и биопестициди во фитофармацијата, агрохемијата и фитомедицината воопшто, раскажува за А1он Мирчевски.

Со оваа метода, вели тој, може најбрзо и најдобро да се санираат последиците, а истата може да се употреби и во тетовско и пелагонија, кои ги зафатија поплави минатата година.

– Да претпоставиме дека бизнис заедницата во оваа држава на име на помош на настраданите може да помогне со донација од 500 до 1000 пластични танкови од по 1000 литри секој, кои ќе служат за потребните ферментации и добивање на биорастворите кои ќе се употребат за третирање и рефилтрација на почвите, водите, куќите, шталите, каналите во скопско, друг од таа бизнис заедница може да помогне со донација на мешала како нуспродукт од шекерната индустрија, трет со набавка на потребните млечнокиселнски бактерии од странство, четврт со донација на соеви пивски квасец на пример, тоа може да го направат пиварите во Македонија, петти да помогне со обезбедување на неопходен простор за сместување на тие пластични танкови од по еден кубик, значи секој да помогне со нешто и во тој случај сите донации не би чинеле повеќе од 1 милион евра, а би се постигнал ефект во санирањето на последиците од природната непогода кои би се мереле во стотици милиони евра само во скопскиот регион, вели Мирчевски.

На комерцијалниот пазар, тие раствори чинат од 25 до 50 милиони евра, а нас би не чинеле и повеќе, со оглед на тоа дека во скопскиот регион се потребни неколку третмани со поголема концентрација.

Со тоа, вели Мирчевски и престојната есенска сезона со дождовите би имале само позитивно дејство во понатамошното размножување на тие микроорганизми во природата и во мултиплицирање на нивниот ефект.

– Ферментациите траат само седум дена и потоа може растворите да се користат мултидисциплинарно, во смисла за дезинфекција, ревитализација на загадените почви и води, за аерација на сточарските објекти и стамбени куќи, раскажува за А1он агрономот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски