Дипломатите со позитивни оценки за иницијативата на Иванов за годишните неформални средби

Од:

Амбасадорите, конзулите и дипломатите во рамки на традиционалниот прием што по повод новогодишните празници го организира претседателот Ѓорге Иванов, денеска се во туристичка прошетка во Вевчани.

Претставниците на дипломатскиот кор, некои од нив за првпат, ќе имаат можност да ги запознаат убавините на тоа место на падините на планината Јабланица, чистиот воздух, недопрената природа кај Вевчанските извори, како и со културно-историските споменици во Општина Вевчани.

Дипломатите со позитивни оценки за идејата на претседателот Иванов да организира вакви средби, каде ќе имаат можност меѓусебно да се сретнат во малку поопуштена атмосфера, надвор од вообичаените строги норми што ги предвидува дипломатскиот протокол.

– Ова е мошне добра и плодотворна иницијатива на претседателот да организира вакви годишни средби и тоа надвор од главниот град. Тоа за нас е можност да посетиме други места, градови во земјата. Две години сум тука како амбасадор и првпат доаѓам во Вевчани, што само е потврда дека на овој начин не само што имам можност да запознаам нешто повеќе за убавините на Македонија, туку и дека ваквите активности се во насока на дополнителна промоција на туристичките потенцијали на Македонија, изјави Јацек Мултановски, амбасадорот на Република Полска во Македонија.

Сличен став има и Самуел Жбогар, шеф на Мисијата на ЕУ во Скопје, кој исто така вели дека се работи за одлична иницијатива на претседателот да кани на вакви средби надвор од Скопје.

– На некој начин не тера да излеземе од главниот град и да ја видиме земјата, да ја запознаеме и да ја засакаме. Не само што имаме можност да прошетаме и да ги видиме убавините на Вевчани, културно-историското наследство, но и да се сретнеме да разговараме со нашите колеги во малку порелаксирана амосфера, што секако ни помага во подобрување на нашите односи во контекст на нашите работни обврски тука, изјави Жбогар.

За градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриновски ова е голем ден, што можат да бидат домаќини на високите гости.

– Чест и задоволство ни е што претседателот Иванов и диплматскиот кор се гости на Вевчани. Јас ќе ги искористам денешните средби да ги запознаам високите гости со располага што Вечвани, какви се прерспективите за развој на општината во областа на туризмот, пред се, за што веќе имаме разработено физибилити студија и мастер-план за ски-центар, како и за можностите за искористување на чистата изворска вода која ја имаме во изобилство за отварање капацитети за флаширање. Очекувам госите да заминат со убави впечатоци, рече Угриновски.

Во рамки на посетата на вевчани дипломатите ја посетија и црквата „Свети Никола“, како дел од богатото културно-историско наследство на Дримколскиот крај.

Според агендата, дипломатите посетата на Вевчани ќе ја заокружат со заеднички ручек, можност да ги вкусат надалеку познатите вевчански специјалитети и да почувствуваат дел од традиционалното гостопримство на луѓето од тој крај на Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски