(ВИДЕО) Димовски до Заев: Постигнете консензус со Мицкоски, најдете заедничко решение

Од:

Решението е единство и консензус но не по диктат на едната страна, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на седницата на Комисијата за уставни прашања. Тој посочи дека власта е најодговорна што референдумот немаше цензус и што нема консензус за Договорот со Грција, бидејќи самиот референдум бил распишан без ВМРО-ДПМНЕ. Димовски ја искритикува Владата дека не кажува јасно дека ќе се менуваат повеќе од 50 члена на Уставот.

„Неодоговорно е што Владата не го изготви финалниот текст, а сомнеж отвора и што министерот за правда не е потпишан на предлогот. Не е точно дека ќе се менува само преамбулата, тврдам дека ќе се менуваат 51 член од Уставот. Дополнително, Уставот не може да се менува со процедура предвидена со законот за референдум, Уставот препознава единствено успешен референдум, рече Димовски.

Тој повика да престане кампањата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО, бидејќи како што рече нема дилема за членството, но според него, факт е дека договорор со Грција е неодржилив поради немање на консензус, како и поради бројката од само 300 илјади Македонци кои гласале за на референдумот.

По говорот на Димовски реплицираше премиерот Заев кој побара инклузивност од опозицијата.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ прво било за ЕУ и НАТО, ајде дајте инклузивност во процесот. Амандманите не треба и не смееме да ги пишуваме сами“, рече Заев, на што Димовски му одговори дека двете главни идеологии треба да најдат заедничко решение.

„Колку и да ви се добри намерите, одите во мртва улица. Единство и консензус е решението. Заев и Мицкоски да застанат зад заедничко решение“, му порача Димовски на Заев.

Галена Н. Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?