Димовски: Владата немаше право да прифати обврска за промена на Уставот, тоа е исто како да го продавате имотот на вашиот сосед

Од:

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во пресрет на пленарната седница во Собранието на која ќе се расправа за потребата од отворање на Уставот, предупреди дека Владата предводена од Димитар Ковачевски ги надминала своите ингеренции и го прекршила Уставот затоа што прифатила обврска за промена која е во исклучива и единствена надлежност на Собранието на Република Северна Македонија.

„Владата мора да сноси одговорност. Владата не смее да врши политички притисок врз Собранието. Владата немаше право надвор од своите ингеренции
да прифати обврска за промена на Уставот. Тоа не е во нејзина надлежност. Тоа е во исклучива и единствена надлежност на Собранието на Република Македонија.

Тоа е исто како вие да продавате имот на вашиот комшија, а комшијата не ви дал никакво полномошно за тоа“, објави Димовски.

Тој смета дека ЕУ не го наметнала условот за внесување на Бугарите туку едноставно го прифатила билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија со кој МНР презема обврска за внесувсње на Бугарите во Уставот, а ЕУ тој протокол го внесе во преговарачката рамка и тоа стана европска обврска.

„Европската Унија не го наметна условот за внес на Бугари во Уставот на Република Македонија.
Европската Унија го прифати билатералниот Протокол помеѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој Министерството за надворешни работи превзема билатерална обврска пред Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

Европската унија тој билатерален Протокол го внесе во преговарачката рамка и стана европска обврска за нас. Протоколот со Бугарија е потпишан од страна на Министерот за надворешни работи Бујар Османи. Протоколот предвидува обврска за Собранието на Република Македонија,
кое Бујар Османи ниту го претставува, ниту смее во негово име да превзема обврски“, додава Димовски.

Би можело да ве интересира

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Немаме пари за истраги и вештачења, состојбата е алармантна, вели државниот обвинител Коцевски

Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите