А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димовски: „Винеа“ не ги исплаќа лозарите со соодветна динамика

by А1он13/03/2013 - 16:53165
Share0

Винарската визба „Винеа” почна со исплата на грозјето од реколтата 2009, 2010 и 2011, тоа е добар чекор, но динамиката не е соодветна, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната посета на росоманското село Трстеник каде почна да се гради нова винарска визба.

Добивај вести на вибер

Крајниот рок за исплата на грозјето од 2012 година е 30 април. За претходните години исплатата требаше да заврши до 5 март. Имаше тешкотии околу обезбедувањето на финансиските средства, такви се моите информации од винарската визба. Во контакт сум со претставниците на лозарите кои потврдуваат дека исплатата почнала. Сега динамиката треба да се забрза, истакна Димовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој очекува договореното меѓу лозарите и претставниците на „Винеа” да се испочитува во целост. Во спротивно, нагласи, ќе се преземат соодветни мерки.

Министерот уште еднаш порача дека е особено важно лозарите и винарите да склучуваат договори за соработка.

Новата винарска визба во село Трстеник ќе има капацитет од 10,5 милиони литри вино. Кон крајот на август ќе се произведат првите количини.

Оваа година планираме да произведеме само црвено вино во наливна состојба. Проекциите се околу 15 до 20 илјади шишиња за домашен пазар, за промоција. Со флаширање ќе почнеме за една до две години, изјави директорот на акционерското друштво „Гоце Делчев-Тиквеш“ Ристо Милев.

Како што напомена министерот Димовски, секоја нова винарска визба значи поголема конкуренција, а тоа ги подобрува условите за лозаро-винарството во државата кое е многу значаен сектор.

Звонимир Божиновиќ, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, потсети дека регионот има извонредни услови за производство на вино. При изборот на лозарот дали да сади трпезни или вински сорти на грозје, локацијата е фактор број еден.

Македонија се избори за сопствено место на винскиот пазар, сега треба само да се биде што поприсутен, истакна професорот.

Градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов се согласи дека конкуренцијата во бизнисот придонесува за подобар пласман и подобри цени со што се унапредува лозаровинарскиот сектор.

zemjodelstvo

Би можело да ве интересира

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on27/06/2025 - 16:03

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 13:28

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on04/03/2024 - 13:27

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Предраг Петровиќ05/07/2023 - 20:11

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Анита Петровска Рајковиќ27/10/2022 - 18:05

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он13/09/2020 - 08:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен