(ВИДЕО) Димовски: Јанева или ќе дојде во Собрание или нема ништо да прифатиме

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат Катица Јанева да се појави во Собранието, бидејќи, како што велат, со непојавување ги крши Уставот и законите на Македонија. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски нагласи дека доколку таа не се појави на комисијата, тие нема да прифатат ниеден предлог на Специјалното јавно обвинителство.

– Во согласност со членот 68 од Уставот на Република Македонија кој на Собранието му дава надлежност и должност да врши контрола над работата на носител на јавни и државни функции, во согласност со законот за Специјалното јавно обвинителство, односно неговиот член 7 и во неговиот став 2, госпоѓата Катица Јанева е должна да поднесува извештаи, да присуствува и да ги образложува своите извештаи пред Собранието и пред неговите работни тела онака како што предвидува Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и како што е апсолутна пракса без исклучоци на поднесување извештаи и нивно бранење на десетици и десетици други државни институции и тела одговорни за својата работа пред Собранието на Република Македонија, рече Димовски.

Тој истакна дека Катица Јанева е апсолутно должна да присуствува на седница на комисијата за политички систем кога на дневен ред е разгледување на нејзиниот извештај, а додека не се заврши расправата за двата извештаи, не може истите да се најдат на собраниска седница.

– СЈО не ги почитува човековите права и не обезбедува еднаквост пред законот. На СДСМ му е јасно дека ова СЈО не се држи до законите ниту пак има ефикасност. СДСМ и Јанева не сакаат јавноста да знае како работат. Бегаат од одговорност. Зошто СЈО вели дека нема увид во доказите за „Пуч“, а бараше да бидат ослободени обвинетите? Кој ќе сноси одговорност за нивното незаконско работење? Зошто ангажираат адвокати и молчат за тоа колкави им се платите, рече Димовски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека од поставени 119 прашања, Јанева одговорила само на 23, како и дека навредувала и им се заканувала на пратеници.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Горан Наумовски

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски