Димовски: Едно од најголемите ветувања на оваа влада за изградба на новиот Клинички центар веќе е „реализирано“

Од:

Денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски своето обраќање рече дека веројатно законот за протести со којшто ќе се ограничи граѓаните да се кажуваат својот став, во прва фаза нема да биде дел и од собраниската активност.

-Би сакал да се заблагодарам за воздухот кој во оваа сала е чист, не е загаден како надворешност, а имаме убави услови да работиме и дискутираме за разлика од нашите сограѓани кои ги немаат тие услови и можност. Воедно дозволете да го честитам влезот и остварувањето на стратешката цел на Република Македонија во големата унија со Албанија и Србија. Веројатно на патот кон таа унија нема да ги користиме новите комбиња за брза помош, ќе го користиме стариот мерцедес на Никола Груевски. Исто така добро е што едно од ветувањето за референдумот за добивање на бесплатно здравство во унијата ќе биде исполнето, овој пат нема да биде во европската унија но ќе биде бар исполнето во унијата со Албанија и со Србија, истакна Димовски.

Тој имено потсети и на едно од најголемите ветувања на оваа влада за изградба на новиот Клинички центар веќе е реализирано и дека граѓаните ги имаат можностите да се лечат во новиот Клинички центар кај Ѓорче Петров, огромен број на згради, огромен број на доктори, огромен број на инвестиции во здравството.

-Би замолил оваа точка за заменик министер да се симне од дневен ред и за заменик министер да биде поставено она младо момче мислам дека беше од Гази баба којшто и онака ги добива сите милионски тендери во здравството и мислам дека така ќе бидеме многу практични, многу директни и многу јасни. Нема да ги користиме сите патеки за лево или десно, ќе бидеме прецизно онаму каде што е поентата на функционирање на оваа влада во здравството, порача Димовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски