Димковски потврди дека концесионерот на Охридското езеро ловел со мрежи и ги кршел законите

Од:

Ненавремена и нецелосна физичка заштита на рибата во езерото, како што е предвидено со договорот, е само една од низата причини за раскинување на договорот со концесионерот Милорад Чавкоски, кој пак, е управител на фирмата „Летница-белвица“.

Ова го соопшти министерот за земјоделство, Трајан Димковски, кој ги потврди тврдењата на „А1он“ објавени пред седум месеци, дека концесионерот има нерегуларности при пријавување на вработените, евиденцијата на уловена риба, начинот на ловење риба и други делови од законските акти.

Владата го раскина договорот за концесија на Охридското Езеро со правниот субјект „Летница- белвица“, поради утврдени серија нерегуларности во работењето на самиот концесионер.

„Во записникот е констатирано дека концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибата од езерото, што е спротивно на договорот. Констатирани се и нерегуларности и во делот на пријавување на вработените и постапките за вработувања, каи ги спроведувал спротивно Законот за рибарство и аквакултура. Концесионерот не водел точна, навремена ниту целосна евиденција на уловената риба. Се на се, концесионерот го прекршил законот по неколку основи, поради што е укинат договорот за концесија“, рече Димкоски.

Работено е со непломбирани мрежи, регистрирано е испловување, заловување, фрлање мрежи, откриена и запленета риба од ресторани, вели директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ. Тој истакна дека иако договорот се раскинува, ќе се продолжи со покренување на постапки за одговорнсот преку дополнителни проверки на неговото работење.

Би можело да ве интересира

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

„Македонско најдобро“ кампања на Министерството за земјоделство за зајакнување и зголемување на домашното производство