(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Од:

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта. После месец дена од почетокот на откупот над 20 милиони килограми грозје стојат неоткупени. Лозарите се оставени сами, без поддршка од власта, во исчекување дали родот ќе им биде откупен. Ако оваа количина не се откупи во следните неколку дена, грозјето ќе изгуби на квалитет, ќе изгуби во тежина, и дали е тоа целта на Владата на ВМРО ДПМНЕ да грозјето под изговор дека е неквалитетно и како такво биде собрано по многу пониска цена. Затоа и Јавно прашуваме дали е ова играта која ја води ВМРО ДПМНЕ, изјави Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

– Владата на ВМРО ДПМНЕ не ги заштити лозарите. Ги оставија на цедило, дозволија винариите да манипулираат и со цените и со откупот на грозјето. Деновиве повоторно ветува дека „сѐ ќе било откупено“. Но реалноста на терен е сосема поинаква – откупот се одвива забавено, без јасна стратегија и без одговорност. Манипулациите на власта одат до таму што сега на крај од бербата и откупот најавуваат дека наводно винаријата „ Вардар “ ќе го откупела вишокот грозје – над 20 милиони килограми. Дали владата знае дека оваа винарија последен пат откупувала во 2020 година, и тоа со капацитет од едвај 7 милиони килограми и дали воопшто е познато финансиското портфлио на оваа винарија? Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе на терен меѓу вистинските лозари да ги погледне лозарите в очи, и да понуди реално решение за откуп на грозјето. На лозарите не им треба нов Свед Милк, ново Повардарие, потребна им е вистинска поддршка и конкретни решенија. Оваа влада покажа целосна незаинтересираност за една значајна земјоделска и извозна гранка како што е лозасртвото од која егзистираат над 11.000 лозарски семејства. Владејачкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ застанаа против лозарите и не го поддржа предлог законот на СДСМ за дополнителна финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена. СДСМ ќе продолжи да се бори за нивните права, за фер услови и поддршка за секој лозар, рече Дмковски.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар