Димитровски: Раководството на Шилегов и СДСМ го заглавиле ЈП Лајка во долг од над 10 милиони денари

Од:

„Деновиве во јавноста се пласираа лажни вести, а граѓаните и целата јавност треба да знаат дека претходното градско раководство и раководството на ЈП Лајка натрупало долгови на претпријатието во износ од енормни 10 милиони денари за неполни две години. Долговите се настанати поради ненавремено сервисирање на исплатите кон добавувачите на медицински материјали, опрема, храна за кучињата, поради луксузирање на претходното раководство на изнајмување на возила, ангажирање на ПР лица, фотографи и останати трошоци“, рече на денешната прес-конференција, директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски.

„Системот на финансирање на ЈП Лајка не бил соодветно дизајниран при основањето на претпријатието, планираната обврска за месечен надоместок од општините во град Скопје за 2021 година бил 20 000 000 денари од кои помалку од половина биле наплатени. Дополнително на ова проблемот со бездомните кучиња во град Скопје не бил третиран од претходните власти цели 2 години до ставањето во употреба на прифатилиштето во втората половина на 2020 година. Заради бавното реновирање на објектот на ЈП Лајка, и немање на алтернативна стратегија за решавање на проблемот и знаејки го процесот на природна прогресија, овој период предизвикал сериозно зголемување на популацијата на бездомни кучиња во градот.

Според Ревизорскиот извештај само за 2021 година склучени се 76 авторски договори за ангажирани лица, за кои само за 6 има извештај за извршени улуги, за сите останати само договор.

Дополнително биле исплаќани пари на лица и склучени 36 договори за нивно ангажирање без наведување на потребата за кои се исплатени над милиони ипол денари, како и 21 договор за технички услуги без наведување на потребата за ангажирање.

Во следниве неколку дена ќе излеземе во јавноста со изнесување на точни факти за ангажманите на овие лица и вршени услуги со законски нерегуларности кои биле направени од претходното раководство на ЈП Лајка.

Факт е дека претпријатието е заглавено заради непродуктивни трошоци, ангажирање лица за кои се трошеле милиони, како и неисплаќање на услугите од страна на општините. Ова недомаќинстко работење на претходното раководство допринело за милионските долгови.

Морам да истакна дека голема лага е дека во ЈП Лајка нема хуман третман на уличните кучиња, напротив, кучињата се третираат на најсоодветен начин. За споредба за 4 месеци вдомени од ЈП Лајка се 139 кучиња, колку што претходното раководство вдомило за 18 месеци.

Јавноста треба да знае дека со ваква наследена тешка и заробена состојба на прифатилиштето, тешката финансиска состојба, немање можност за набавка на основни средства на функционирање, ЈП Лајка во изминатите 4 месеци ги дуплираше бројките на третирани кучиња на хуман начин за единица период, и овој процент ќе го зголемуваме во иднина“, изјави директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски.

Би можело да ве интересира

Приватниците ќе возат само трета смена, бараат повеќе пари: Град Скопје го обвинува Славеески за опструкција

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека водат политиката на инает со граѓаните

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска

Горан Наумовски