Димитров во официјална посета на Бугарија

Од:

Министерот за надворешени работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.

На средбата со Захариева, како што соопшти МНР, ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес.

Во рамки на посетата, предвидено е Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија