Димитров: Високо ја цениме несебичната поддршка со медицинска опрема од Турција

Од:

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, ја поздрави донацијата од Турција, која денеска пристигна во нашата земја.

Врз основа на потпишаниот договор со Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна помошта која се состои од 50 000 заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.

„Во овие тешки времиња кога светот е соочен со исклучително тежок предизвик по јавното здравје и справување со последиците од пандемијата на COVID-19, подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побрзо ќе бидат надминати.

Високо ја цениме и сме благодарни за несебичната поддршка со медицинска и заштитна опрема што денес ни пристигна од пријателска Турција“, порача Димитров.

Донацијата беше предадена на министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик началникот на Генералштаб, Азим Нуредин, од страна на Амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски