(ВИДЕО) Димитров: Уште во неделата попладне се обидов да го добијам Дачиќ, но не ми одговори на повикот

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска одржа прес-конференција на која што ја објасни ситуацијата во врска со повлекувањето на персоналот од српската амбасада од Скопје и обвинувањата за разузнавачки активности против Србија.

– Владата на Македонија немала намери, ни дала инструкции, ниту пак извршила разузнавачки дејства против нашите соседни земји, вклучувајќи ја тука и Република Србија, ниту пак некогаш ќе размислуваме во оваа насока, рече Димитров.

Тој нагласи дека сите институции работеле согласно законот и дека токму луѓето во новата влада почувствувале како е да бидат незаконски прислушувани и знаат што значи тоа.

– Суштината во пристапот кон регионалната соработка на новата влада е решавање на проблемите, наместо создавање на нови. Водиме политика на отворени врати и конструктивен пристап кон соседите. Успехот на нашите соседи е наш успех, нашиот успех е успех на нашите соседи, рече Димитров и додаде дека доколку постојат недоразбирања, најдобриот начин за надминување на тоа е преку директен дијалог.

– Јас како министер уште во неделата кога ја добив нотата на амбасадата му се јавив на министерот Ивица Дачиќ, но не успеав да го добијам, рече Димитров.

Тој додаде дека разговор побарале и вчера преку македонскиот амбасадор во Србија и изјави дека се радува на најавите од Белград дека такви разговори ќе се случат утре.

На крај Димитров уште еднаш ги поздрави најавите од Белград за заштита на пријателските односи и враќањето на состојбите во вообичаените рамки.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија